Нови промени на границите: Ако одите за Грција ова мора да го знаете

Грчкиот граничниот премин „Ники” односно граничниот премин „Меџитлија” ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник), во врска со новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија” од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Ники”, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники” ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во овој период.

– Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони”, информираат денеска од МВР.

Од денеска построги мерки на грчките копнени граници

Само од шест гранични премин, од денеска е дозволен влез и излез од Грција за грчките државјани и оние кои имаат дозвола за престој, додека пак Промахонас (Кулата) на границата со Бугарија и понатаму останува единствената влезна точка на копнените граници за туристите од земјите што се наоѓаат на листата одобрена од јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради зголемениот број поминувања кон соседните земји, но и поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 од граничните премини, грчката Влада, со одлука на премиерот Кирјакос Мицоакис, а по препорака на надлежните, одлучи да ги заостри мерките на копнените граници и да остави отворени по два премини кон Албанија и Бугарија и по еден кон Северна Македонија и Турција.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!