ВМРО-ДПМНЕ вечерва со важни одлуки: Го избриша Груевски – ги ограничи мандатите, ова се промените во статутот

Вечерва во ВМРО-ДПМНЕ долго се разговарало за идните чекори на партијата, а на Централниот-комитет се донесени и низа на значајни промени. Секако, една од оние кои го привлекоа вниманието е откажувањето од почесните претседатели во партијата.

Никола Груевски повеќе не е почесен претседател во ВМРО-ДПМНЕ, откако таа титула е укината односно повеќе нема да постои.

ВМРО-ДПМНЕ на новите претседатели кои се бираат на конгрес согласно новиот статут им го ограничува мандатот на четири години, при што максимум на истата функција, кои да било функционери, може да се задржат најмногу три мандати и тоа под услов третиот мандат да е избран од страна на партиските органи и тела со двотретинско мнозинство.

Откако неколку часа заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, непосредно по завршувањето на состанокот пред Палата др. Христо Татарчев се обрати Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Донесени се две важни одлуки, едната од нив е дека Централниот комитет едногласно го овласти претседателот Христијан Мицкоски да преговара за ново парламентарно мнозинство, а со тоа и да ја состави новата влада. Втората одлука која е донесена вечерва е одлуката за измена на статутот на партијата, во насока на поголема демократизација на партијата, пренесување на поголеми надлежности на членството, органите и телата на партијата, следејќи ги современите искуства на големите европски десничарски партии- рече Тошковски.

Новите измени се револуционерни, потенцираше тој, во насока на поголема демократија во водењето на партијата. Повеќе право на одлучување на комитетите и членовите во водењето на политиката во партијата.

-Новини се; водењето сметка за евроспките вредности, воведувањето на непосреден избор на претседатели на општинските комитети и раководства во општинските комитети од страна на членството, демократски избор на идни државни функционери, кандидати за градоначалници и ограничување на правото на реизбор на претседател на партијата и останати партиски функционери- рече Тошовски.

ВМРО-ДПМНЕ на новите претседатели кои се бираат на конгрес согласно новиот статут им го ограничува мандатот на четири години, при што максимум на истата функција, кои да било функционери, може да се задржат најмногу три мандати и тоа под услов третиот мандат да е избран од страна на партиските органи и тела со двотретинско мнозинство.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!