понеделник, 19 април, 2021

Коалициониот партнер на Мицкоски: Нема ништо лошо во тоа да биде премиерот Албанец

Стефчо Јакимовски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека нема ништо лошо во тоа Албанец да биде премиер и дека барањето на ДУИ е легитимно.

Нека си биде Албанец премиер, нема тука нема ништо лошо. Мислам дека и ќе биде здраво. Нека видат сите што сакаат да седат дома, да не гласаат. Тоа не води кон бинационализација, кон бинационализација води ако се позајмуваат пратеници. Барањето на ДУИ за премиер Албанец е легитимно, смета Јакимовски.

За разлика од Стевчо Јакимовски, за Мицкоски и Заев оваа идеја е неприфатлива. Барем така велеа и двајцата во предизборните ТВ дуели. Дали некој од нив ќе попушти пред барањата на Ахмети или пак тоа и двајцата ќе ги испратат ДУИ во опозиција останува да видиме во периодот кој што следува.

Повеќе: ИК на ВМРО-ДПМНЕ заседава во Белата Палата – во белата палата вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на партијата Димса Арсовски за тв Телма изјави дека заседанието на Извршниот комитет било вообичаено и никој од членството не побарал а и немало потреба лидерот Мицкоски да поднесе оставка.

Арсовски убедува дека ВМРО-ДПМНЕ била победник на изборите имајќи предвид дека СДСМ имала 4 мандата од коалицискиот партнер Беса.

Тој ја остави отворена можноста партијата да била дел од новата влада неоткривајќи дали и со кого прават разговори за таква варијанта.

Инаку уште вечерта по соопштување на резултатите Митко Јанчев, член на партијата и градоначалник на Кавадарци за бугарската БГнес изјави дека Мицкоски треба веднаш да си поднесе оставка бидејќи губи трети избори од кога е на чело на партијата а истото го побараа и 8-темина вмровци кои во парламентот дејствуваа како независни откако партијата ги исклучи од членството затоа што не ја следеа партиската директива и гласаа за промена на уставното име на државата по Преспанскиот договор со кој се стави крај на долгогодишниот спор со Грција.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!