Двонеделен државен карантин со цел да заврши коронакризата – дали ова беше најидеалниот предлог за крај на пандемијата кај нас?

Состојбата со пандемијата со коронавирусот во Република Северна Македонија од ден во ден е се полоша и полоша. Денес бројот на новозаболени е 97, додека бројот на жртви е дури 10 луѓе. За жал и покрај неколку месечното апелирање за почитување на мерките, добар дел од граѓаните не почитуваат ништо. Во некои кафулиња не се почитуваат мерките ниту за растојание, ниту за носење маска, а дел од сопствениците си прават журки исто како ништо да не се случило. Зошто МВР и институциите молчеа по однос на овие прашања, одговорот ќе треба да го дадат тие.

И додека ова ни се случува, границите се затворени, економијата страда, но страда и здравството. Македонија руши рекорди. Рестриктивниот час кој беше воведен во изминатиот период очигледно не ги донесе посакуваните резултати. За крај на оваа пандемија, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски имаше можеби најидеален предлог. Еве што предложи тој кога се воведе полициски час, за кого има шпекулации дека може повторно да се воведе, а како што кажа министерот Венко, во случај кога болничките капацитети би се исполниле.

За жал мораме да констатираме дека и покрај досегашните рестриктивни мерки, какви-такви, автобусите на јавните превозници но и халите на фабриките се преполни со луѓе и работници, рекоа тогаш од партијата на Георгиевски. Љубчо Георгиевски тогаш ја даде својата идеја дека е подобро да запре функционирањето на целата држава во рок од две недели со работа, па ако треба истата мерка да се продолжи за една недела тотален карантин, со што сигурно би имало поголем ефект отколку рестриктивната мерка полициски час.

Од денешен аспект можеби овој предлог ќе беше најидеалниот предлог за справување со кризата, со оглед на тоа дека досегашните мерки не донесоа резултат, а бројот на новозаразени руши рекорди?

Во меѓувреме во јавноста на социјалните мрежи се споделуваат содржини во кои се известува за наводен полициски час. Тоа е лажна вест и ги предупредуваме граѓаните да веруваат единствено на информациите кои доаѓаат од надлежните институции.

ВНИМАНИЕ На социјалните мрежи масовно се споделува стар текст од 3-ти јуни за можен полициски час.

Не наседнувајте на провокации и лажни информации дека оваа вест е објавена денес!

ПРОВЕРЕТЕ ГО ДАТУМОТ пред да споделите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!