Антиќ и Мекејлеб дел од „Дрим тимот“ на ФИБА

Поранешните македонски кошаркарски репрезентативци Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб се избрани во ФИБА „Дрим тимот“ составен од кошаркари кои играле за репрезентации кои во последните 20 години не биле меѓу најдобрите на Стариот континент.

Токму Антиќ и Мекејлеб беа нашите најдобри поединци кога нашата репрезентација постигна историски успех на Евробаскетот во 2011 година во Литванија и се пласираше на четвртото место.

Во идеалната петорка не успеа да влезе Владо Илиевски кој исто така беше номиниран.

Остатокот од идеалната петорка го комплетираат Јон Стефансон од Исланд, Адам Ханга од Унгарија и Мирза Телетовиќ од Босна и Херцеговина.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!