Ноќна журка, Струмица, кога се забранети масовни собири од овој вид. Во време кога имаме 240 заболени од КОВИД19 на дневно ниво, газдата лабаво си организира концерти, а овие идиотиве натискани ко сардини, отишле да се исплукаат прописно меѓусебе и да се заразат по брза постапка. А, потоа дома да го однесат вирусот, да создадат сто кластери, а потоа да колабираме здравствено и економски, онака ,,до балчак”.
Ја барам да се врати некој Султан Сулејман во земјава и да се отвори затвор налик на ,,Голи Оток” за несовесни и аздисани, кои, кривично треба да одговараат. Друго решение, еве – не гледам освен да се пратат сургун.
Во продолжение друг статус на Јоци за претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Вмројниве околу Мицкоски, се обидуваат да го спасат од смена. Бидејќи, ако тој падне, паѓаат сите овие ,,умни” главички кои изгубија 4 избори. Ќе дојдат сосема нови луѓе кои тропаат во моментов на врата, културно и трпеливо, но никој не отвора. Но, има крај и на нивната трпеливост.
Оваа реторика е токму тоа, наменета е за стишување на гласните, бесни и незадоволни членови и за спас на малата мицева групичка од партиски статутарен линч. Таа вмровска корпорациска групичка сега е спикана во ќош и уште продава ,,муда за бубрези” како имале повеќе пратеници од СДСМ.
