Само вака ќе се опаметиме: 200 евра парична казна за тие кои не носат маска во Мелбурн – зошто да не и во Македонија?

Од среда на полноќ во делови од австралиската држава Викторија ќе биде задолжително носењето маски за лице бидејќи во таа област сè уште има зголемување на бројот на заразените со коронавирусот.

Премиерот на Викторија, Дениел Ендрјус, денес соопшти дека жителите на подрачјата Мелбурн и Мичел Шире ќе бидат казнети со парична казна од 200 американски долари доколку не носат заштитни маски на улица, пишува Си-ен-ен.

Во Викторија во саботата беа регистрирани 363 нови случаи на ковид-19, со што бројот на заразени во државата стана 5.696.

„Долго време ќе носиме заштитни маски во Викторија, а можеби и во другите делови на Австралија“, рече Ендрјус.

„Засега нема вакцина против овој високозаразен вирус. Значи, станува збор за едноставна работа, за едноставна промена на навиката“, додаде тој.

Македонското МВР соопшти дека се регистрирани 104 прекршоци за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 104 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!