вторник, 18 јануари, 2022

По сликите од забавата: Венко со статус – ќе има забрана за движење ако се пополнат болничките капацитети

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека воведување мерка забрана за движење, при рапидно зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 може да има само ако се пополнат болничките капацитети.

– Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението – рече Филипче.

Венко се огласи и за синоќешната забава во Струмица

Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано.

Ние сме една од ретките земји која целиот овој изминат период имаме протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени. Тие протколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Почитувањето на протоколите – задолжителното носење на маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Доколку се придржуваме до мерките бројот на заболени ќе се намалува. Единствена дополнителна мерка која може да дојде во предвид во даден момент, индикација за тоа дали да се воведе дополнителна мерка, а тоа е рестрикција во движење се окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети. Ние во овој момент индикација за тоа немаме.

Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението. Мора да ги почитуваме превентивните мерки за да го спречиме ширењето на коронавирусот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!