среда, 22 септември, 2021

Ниту еден клуб од вечерва нема да работи – Пазарна инспекција со директна најава

Додека во државата има голем број на заболени од корона вирусот, додека цел свет се бори со пандемијата, во Македонија младите се забавуваат како никогаш до сега.

Локалите работат како и пред корона вирусот, дури и „поопасно“, што е доволна причина да реагираат конечно и од Пазарната инспекција, која најави ригорозни мерки, кои ќе започнат да се применуваат уште вечерва.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски вели дека ноќниот клуб „Аватар“ во Струмица воопшто не смеел да работи, затоа што не е регистриран како кафуле, туку како ноќен клуб.

„Овој локал е регистриран како ноќен клуб, а дозвола за работа на ноќни клубови поради ковид-19 нема. Затоа тие не смееле воопшто да работат. Не можат да работат како кафуле бидејќи немаат таква дозвола. Исто така, соодветна санкција за сопственикот на клубот ќе има и поради тоа што не се почитувале мерките односно присустните не носеле маски, а имало околу 600 гости“, вели директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

И ако до сега имаше компромис и попуст, од вечерва сето тоа ќе биде минато. Пауновски најави дека веднаш ќе се затвораат локалите кои ќе работат без дозвола, бидејќи не може да се излезе на крај со газдите.

„Граѓаните немаат свест. Нашите инспектори постојано се под притисоци и закани. Во Струмица праќаме инспектори од Скопје, оти на тамошните им се закануваат газдите на клубовите. Така е и во другите градови. Ние не можеме да ги казнуваме граѓаните кои не носат маски, тоа треба да го прави полицијата, а таа пак не доаѓа секогаш со нас на интервенции. Затоа, од денес веднаш ќе ги затвораме сите објекти каде ќе бидат констатирани неправилности“, додава Пауновски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!