ОСМАНИ Не некој друг: ДУИ ќе го добие мандатот за состав на нова Влада (ФОТО)

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, во изјава за грчки „Етнос“ вели дека ДУИ е таа партија која ќе го бара мандатот за да состави Влада, иако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиции освоија далеку повеќе пратенички места на предвремените парламентарни избори во средата.

“Во секој случај, резултатот од изборите покажува дека ние ќе утврдиме кој ќе влезе во нашата влада, а не некој друг. Затоа, проценувам дека ДУИ ќе добие мандат да формира влада и ние ќе одлучиме која партија на Северна Македонија ќе учествува во нашата владина коалиција “, рече Османи за „Етнос“ во денешното електронско издание.

ДУИ на предвремените парламентарни избори освои 15 мандати. Сепак праксата покажува дека мандат за формирање на Влада добива партијата која освоила најголем број на мандати, а тоа е СДСМ. Доколку мандатарот од СДСМ не успее да формира Влада, мандатот се доделува на вториот по број на освоени пратенички мандати, а тоа во случајов е ВМРО-ДПМНЕ. Покрај овие политички партии во Собранието ќе влезат и Левица на Димитар Апасиев која во периодов е исклучително популарна на македонската политичка сцена.

Повеќе: ДИК закажа седница за приговорите поднесени за предвремените избори

Државната изборна комисија за денеска за 18:00 часот ја закажа седницата на која ќе започне разгледувањето и одлучувањето по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените Парламентарни избори, за што рокот заврши синоќа во 19:30 часот.

Најпрво ќе се разгледуваат приговорите поднесени за постапката за гласање за што рокот заврши во петокот во 21 часот, а ДИК за нив треба да одлучи во рок од 72 часа од поднесувањето.

Најмногу приговори поднесе Левица 1.982, а Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговор. Од приговорите два има и од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори.

До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Подносителите на листите имаат право на жалба по одлуките на ДИК до Управниот суд.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!