Еве еден говор од човекот за кој мислам дека му е идол на Апасиев: Глави по улиците треба да се тркалаат

Не сакам да изигрувам адвокат на Апасиев, уште помалку и мене да ме обвинат за фашизам, ама кој сака да го разбере Апасиев и неговите статуси треба да прочита многу работи од историјата и политиката. За почеток еве еден говор од човекот за кој мислам дека е негов идол.

„Што се случува овде, граѓани!? Крв треба да прска на сите страни, глави по улиците да се тркалаат!! Ние го чекавме само криков на негодување, кој ечи од сите страни, па да проговориме. Вашите очи беа отворени, вие гледавте, но не сакавте да видите! Го оставивте, бре, народот сам да бдее над себеси и тој сега стои незаштитен.

Секој удар ќе го покоси и ќе биде мртов додека вие го согледате тоа. Нашиве внатрешни непријатели нè принудуваат на слабост. Сакаат тие да му го одземат на народот неговото оружје и силата. Оружје, пак, на државата е стравот; силата на државата е моралноста, зашто стравот без неа е погубен, зашто моралноста без него е семожна.

Тие зборуваат дека стравот не бил оружје на деспотска влада, па според тоа нашата влада не прилегала на деспотизам. Не им е доволно што го понижуваат народот, туку настојуваат и со пародии да го отрујат.

Кога ги гледам нашиве народни законодавци како парадираат со своите пороци и со сиот свој луксуз, како некои маркизи и грофови се женат меѓу себе, слугинки држат, прават раскошни балови, се коцкаат, носат скапоцени облеки, НИЕ СМЕЕМЕ ДА ПРАШАМЕ: КОЈ ГО ОГРАБУВА ОВОЈ НАРОД!?

Нема договор, нема мир со луѓе кои мислат само на грабеж; со оние за кои независноста беше само шпекулација, а Републиката – обрт на капитал. И тие, тие нам ни велат: да им простиме на криминалците; да им простиме на предавниците, да им простиме на порочните. Нивниот злобен восклик е милосрдие.

Но ние оттука им велиме: НЕ, не, не, господа, тоа така не може!!! Да им простиме на слабите – да; да им простиме на несреќните – да; но човекот порочен е политички непријател на Републикава и тој е за неа толку поопасен колку што се поголеми и услугите што божем ѝ ги направил тој.

Само чесниот, само чесниот човек има право на прошка од овој народ! Истите овие имаат убави куќи; убави жени; убави облеки; се капат во вино и јадат од сребрени чинии. Но, и тие беа сиромашни како и ние. Од каде им е сето тоа; од каде овој раскош, граѓани!? И затоа јас ви велам: бидете на штрек. Не очајувајте, патриоти, не успокојувај се, народе морален, туку пренесете им на своите браќа: ПОБЕДАТА НАША, НЕ Е ДАЛЕКУ!!! За доброто на Татковината треба само да испосечеме неколку глави и таа за тоа довека, довека ќе ни биде благодарна“

Говорот на Максимилијан Робеспјер пред француските пратеници.

Во продолжение фејсбук статус на Димитар Апасиев

Шубавко ми звучи еден новинарски наслов: “ЛЕВИЦА – партијата што го победи Донтовиот систем”

Коментари

коментари

error: Content is protected !!