понеделник, 19 април, 2021

(ФОТО) Зошто во Штип само денес има 60 новозаболени – дали ова е причината?

На 15-ти јули имавме предвремени парламентарни избори во време на пандемија. Тие избори имаа мала излезеност, барем кај македонските гласачи – а причината со сигурност е и стравот од корона вирусот.

Меѓутоа, дел од политичките партии во време на кампањата не внимаваа многу на препораките од Комисијата за заразни болести, ризикуваа, а сето тоа може силно да се обие – по нивните членови и активисти.

На само неколку денови пред изборите односно на 12-ти јули, една од политичките партии имаше свој митинг во Штип, а помеѓу граѓаните речиси и да немаше растојание, дел од луѓето носат маски, додека другите не.

Само 6 денови подоцна, бројот на заболени во Штип изнесува 60 во последните 24 часа. Нешто што веднаш тера да помислите и да поврзете – дали ова можеби е поради собирот за време на политички митинг.

Тогаш, при објава на социјалните мрежи со слика од митингот, имаше и јасна политичка парола: „Штип гореше. Толку е твитот“ со слика од митингот, каде се веат знамиња и горат балки.

Денес излезе нов твит, каде е објавен стариот, но е додадена и нова слика од министерот за здравство Венко Филипче, каде ја објавува дневната статистика на заболени, а Штип има вкупно 60.

„60 нови случаи денес во Штип, навистина ќе гори…“ – пишува над новиот твит.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!