среда, 30 септември, 2020

ДИК штотуку извести: Зголемен е бројот на граѓани кои гласале – еве чии бројки се поголеми

Државната изборна комисија попладнево донесе заклучок за исправка на технички грешки. Поточно информираат дека се вршат исправки на техничките грешки при објавувањето на бројките од четвртокот доцна попладне по завршувањето на предвремените парламентарни избори.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња.

Па така, сега соопштија дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564.

Во четвртокот пак ДИК  соопшти дека гласале 942.334 гласачи, а од нив 31.466 биле неважечки. Според направената исправка излегува дека бројот на граѓани кои гласале е зголемен за 1.416 од првичната статистика, а бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 98.

Повеќе содржини: Бучковски: Очекувам ДУИ да се откаже од идејата Насер Зибери да биде премиер. Поранешниот премиер Владо Бучковски во денешното гостување на „Стадион“ на „Канал 77“ истакна дека очекува ДУИ да биде реален и да се откаже од идејата Насер Зибери да биде премиер.

Јавно го кажав својот став пред изборите дека очекувам мртва трка со фото-финиш , блага предност на СДСМ од еден-два мандата и можност Заев повторно да биде мандатар. Коалициските партнери кои ги влошија односите за време на кампањата, според мене, овој резултат ќе ги зближи. Очекувам ДУИ да биде реален и да се откаже од идејата Насер Зибери да биде премиер – нагласи Бучковски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!