ДИК: Нема да го активираме порталот – еве зошто

„Поради истрагата на МВР, сајтoт на Државната изборна комисија нема да се ажурира, туку изборните податоци ќе ги објавиме на табела“, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски за АЛСАТ.

Од МВР официјално соопштија дека во овој момент се води истрага, но не можат да потврдат дали воопшто имало хакерски напад, кој стои зад него, дали е од Македонија или од странство. Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе ги зема податоците од ДИК.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи ги презема соодветните мерки и активности со цел расчистување на овој случај“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Софтверот на сајтот го одржува фирмата ДУНА, а договорот со оваа компанија бил склучен во четири очи. Деркоски повикувајќи се на законот за јавни набавки изјави дека негативното мислење што за договорот го дало Бирото за јавни набавки еден месец претходно не било обврзувачко за нив. Од друга страна, Деркоски вели дека ДУНА понудил најниска цена – од 900.000 денари. Со ДУНА имало и претходно преговори. Ова го потврдуваат од самата компанија, од каде исто така наведуваат дека апликацијата ја подготвувала повеќе од половина година по барање на ДИК. Од Обвинителството за АЛСАТ рекоа дека ги следат случувањата во ДИК, но засега не се вклучуваат во истрага.

За случајот со нефункционалната страница на ДИК синоќа изреагира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии „МАСИТ“.

-ДИГИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ, ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ КОИ СЕ ОД ОПШТЕСТВЕНО, ЕКОНОМСКО И ДРЖАВНО ЗНАЧЕЊЕ, НЕЗАВИСНО ДАЛИ ЗАКОНОТ ТОА ГО ПРЕДВИДУВА ИЛИ НЕ, ТРЕБА ДА СЕ ДОГОВАРААТ И РЕАЛИЗИРААТ НА МАКСИМАЛНО ТРАНСПАРЕНТЕН, ОБЈЕКТИВЕН И ЕТИЧЕН НАЧИН, ТВРДАТ ОД МАСИТ.

Оваа реакција на Комората уследи откако веб-страницата на ДИК беше нефункционална на изборниот ден.

Државната изборна комисија и го дала сајтот на фирмата Duna. ДИК официјално побарале мислење од Бирото за јавни набавки на први јуни.

Десет дена подоцна, добиле одговор.

-БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Е НА МИСЛЕЊЕ ДЕКА ВО КОНКРЕТНИОВ СЛУЧАЈ НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ УСЛОВИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА СО ПРЕГОВАРАЊЕ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ ОГЛАС. ОДГОВОРНОСТА ЗА ИЗБОРОТ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПОСТАПКАТА СО ПРЕГОВАРАЊЕ КАКО ИСКЛУЧИТЕЛНА ПОСТАПКА Е ОДГОВОРНОСТ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН, СООПШТИ БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.

Претседателот на Државната изборна комисија, Деркоски вчера остро демантираше дека тендерот е спроведен во четири очи со непосредна спогодба.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!