среда, 1 декември, 2021

ДИК конечно призна и утврди: Недостасуваат 2.013 гласачки ливчиња – дали со нив е правен фалсификат?

Државната изборна комисија врз основа на податоците во доставените податоци од записниците од општинските избори комисии, избирачките одбори и целокупниот останат изборен материјал, утврди дека:

-Вкупен број на избирачи запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.236

-Вкупен број на избирачи кои гласале – 942.334

-Вкупен број на неупотребени гласачки ливчиња – 869.889

-Вкупен број на важечки гласачки ливчиња – 910.868

-Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња – 31.466.

Но, кога од 1.814.236 гласачи со право на глас, ќе се одземат 942.334 лица кои гласале, се добива бројката од 871.902 лица кои не се гласале, што значи дека толку треба да биде бројот и на неупотребени гласачки ливчиња.

Но, според овој Заклучок на ДИК, бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 869.889 што значи недостигаат 2.013 ливчиња.

До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, покрај веќе поднесените пет, пристигнале уште 77 приговори за изборите.

Од нив, како што информираат од ДИК, 74 се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите.

Приговори за постапката на гласање може да се поднесуваат до 21 часот вечерва, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите до утре до 19 часот и 30 минути.

Роковите почнаа да течат синоќа, кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!