Азар даде само еден гол за Реал Мадрид оваа сезона, а му донесе голем бонус на Челси

Реал Мадрид ќе треба да му исплати сума од 10 до 15 милиони фунти на Челси поради тоа што станаа шампиони, двата клуба ваква клаузула вметнаа во договорот на Еден Азар.

Челси добро ќе се офајди од титулата на Реал Мадрид поради продажбата минатото лето на Еден Азар.

Белгискиот фудбалер не одигра речиси ништо за Реал Мадрид сезонава, најмногу поради повреди. Настапи на 16 натпревари и постигна еден гол. Но и покрај таквиот учинок, кралскиот клуб ќе мора да ја испочитува клаузулата кон Челси.

Азар отиде од Челси во Реал Мадрид за сума од 100 милиони фунти која со бонуси може да достигне до 130 милиони фунти.

Еден од бонусите се активира кога Реал Мадрид ќе ја освои Ла Лига. Тоа се случи вчера, па според странските медиуми, сумата која Кралевите ќе ја исплатат за овој бонус изнесува од 10 до 15 милиони фунти.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!