СТИГНА ЧЕСТИТКА ОД БУГАРИЈА: Од утре никој не може да влезе од Македонија во Бугарија

Бугарија воведе привремена забрана за влез на сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство, од 16 јули до 31 јули.

Одлуката е донесена поради влошување на епидемиолошката ситуација во земјата и се однесува на сите гранични премини, воздушни, железнички и копнени патишта.

Исклучок од забраната е дозволата за македонските државјани да транзитираат преку Бугарија со цел нивно враќање во државата. Транзитот се дозволува единствено во случаи кога може да се гарантира неодложно напуштање на територијата на Бугарија, се додава во соопштението.

Бугарската агенција „Новините“ јавува дека истите правила како за Македонија важат и за Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија и Турција.

Прочитај повеќе содржини: Вчера шест лица даруваа крвна плазма, а една од нив е и медицинската сестра Лилјана Јакимовска од Штип. Да им помогнеме на заболените од ковид-19 побрзо да оздрават. Досега се обезбедени 52 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со коронавирус. Благодарност до сите хумани дарители. Ги повикувам сите излекувани пациенти кои ги исполнуваат условите за дарување плазма да даруваат. Да бидеме хумани и да спасиме човечки животи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!