понеделник, 15 август, 2022

Се огласија хакерите кои го нападнаа сајтот на ДИК: Упатија неочекувана порака и кажаа зошто го прават тоа

Интернет страницата на Државната изборна комисија се уште не функционира по синоќешниот, како што го нарече претседателот на ДИК Оливер Деркоски, надворешен напад. Остана само фотографијата од пораката на „Анонимуси“ по хакирањето на агрегаторот „Тајм.мк“, пишува МКД.мк

„Поминаа уште едни ‘демократски избори‘ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава. Попис? Pse Jo? Ама не можеме и нив да ги обвиниме кутрите напатени души гледаат колку за бело, моет,цигари и за белолебче да има да донесат дома“, пишува во дел од пораката од група која себе си се нарекува Анонопсмкд.

Тие велат дека го избрале агрегаторот ради најголемиот број на посети.

Како што пишува МКД.мк сопственикот на „Тајм.мк“, Игор Трајковски во текот на целата вечер на својот Твитер профил објавуваше дека агрегаторот е цел на напади, дека „некој има фрлено многу пари за тоа“, а во последната објава пишува дека преку 20 милиони ИП-адреси вршат напади и дека хакерите го купиле целиот „дарк веб“.

САЈТОТ НА ДИК УШТЕ НЕ РАБОТИ, СПОРЕД НЕОФИЦИЈАЛНАТА СИМУЛАЦИЈА НА МАНДАТИ: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15

Веб сајтот на Државната изборна комисија со резултатите од предвремените парламентарни избори уште нема целосно профункционирано, откако синоќа падна набрзо по затворањето на избирачките места.

На сајтот rezultati.sec.mk повремено се појавуваат резултатите и од она што можеше накусо да се види, од 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата на СДСМ победи со 324.084 гласови или 36,12 отсто, пред коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто. Понатаму следуваат: ДУИ со 101.432 гласови или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива со 76.425 или 8,57 отсто, Левица со 37.420 или 4,17 отсто и ДПА СО 13.563 или 1,51 отсто.

Тоа се коалициите и партиите, според првичните неофицијални резултати на ДИК кои што влегуваат во парламентот.

Според пресметка на ДИК, базирана на овие првични неофицијални резултати, коалицијата на СДСМ освоила 46 пратенички мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!