ДИК конечно објави: После ова ВМРО тешко да формира Влада

Врз основа на податоците од записниците на општински изборни комисии, и целокупниот материјал ДИК утврди дека вкупен број на избирачи е 1.814.236 . Гласале 942.334. Вкупен број 31.466 неважечки ливчиња

Број на гласови на ниво на цела држава:

Коалицијата Можеме на СДСМ – 327, 329 Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315 344 ДУИ -104 58 Алијанса на Албанците- 81 297 Левица – 37 551 ДПА – 13 891

СДСМ ги осудува повиците на лидерот на Левица, Димитар Апасиев и бара обвинителството да реагира на, како што велат, фашистичките наративи и концепти на нејзиниот лидер.

СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти. Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет. Правда доаѓа за сите. Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз. СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни. Смрт на фашизмот, слобода на народот!, се вели во реакцијата на СДСМ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!