понеделник, 19 април, 2021

Најнова информација: Ќе се гласа и после 21 часот во Лојане

Државната изборна комисија објави дека на избирачкото место во селото Лојане, каде имаше прекин на гласањето поради проблеми со избирачкиот список, ќе има продолжување на гласањето и по 21 часот.

Неофицијално, Алсат дознава дека времето на гласање ќе биде продолжено за 1 час и 20 минути. Општо, во Куманово гласањето се одвива според правилата, одѕивот на гласање досега достигна околу 40 проценти.

Жител на Дебар приведен откако го фотографирал гласачкото ливче

Приведен е дебранец, кој откако гласал на избирачко место го фотографирал гласачкото ливче.

-Приведено е лицето А.Д.(30) од Дебар, врз основа на барањето за интервенција од страна на претседателот на избирачкиот одбор лоциран во деветолетката „Саит Нјадени“. Тој во 13:15 часот откако гласал, со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче, потврди за МИА, Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешн работи – Охрид.

Против дебранецот ќе бидат превземени соодветни законски мерки. Изборнот ден, инаку, и во Дебар и во Општина Центар Жупа, минува без проблеми, со постојан раст на одѕивот на гласачи.

Битолчанка во гласачката кутија ставила обичен лист хартија

На избирачкото место бр. 102 во ОУ „Елпида Караманди“, битолчанка со право на глас се решила да го поништи своето гласачко ливче, пишува Независен.

Жената барала да гласа на местото за лица со инвалидитет. Присутните приметиле дека подолго време се задржува зад параванот. Кога се тргнала, ливчето што ѝ било дадено да гласа испаднало. Сепак, битолчанката успеала да протне обичен лист харија во гласачката кутија.

Избирачкиот одбор го прекинал гласањето, ливчето било поништено, направен е записник и се продолжило со гласање.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!