Сити се спаси од казна и веднаш пристигнува првото големо засилување

Откако судот во Лозана го помилува Манчестер Сити и го остави во Лигата на шампионите и во следните две сезони, пристигнуваат уште добри вести на „Етихад“.

Првата е дека Сити подготвува нов договор за Пеп Гвардиола, а сега пристигнува уште поважна вест и се однесува на засилувањата.

„Скај Спорт“ пренесува дека Феран Торес најверојатно е првото засилување на Сити оваа сезона. Од „Скај Спорт“ тврдат дека „знаат дека Торес има готов договор со еден клуб, а се споменуваа Сити, Јувентус и Ливерпул“, а тие се убедени дека тоа е токму Манчестер Сити.

Младиот фудбалер одби повеќе понуди од Валенсија за продолжување на соработката, договорот му истекува следното лето, па ова е последна шанса за Шпанците да заработат од негова продажба.

Младиот суператалентиран шпански напаѓач ќе биде идеално засилување за Пеп бидејќи може да покрие повеќе позиции во нападот, но и во средниот ред, а има само 20 години.

Торес сепак најдобро се снаоѓа како десно крило, па се очекува Бернардо Силва во целост да биде прекомандуван во средниот ред на местото на Давид Силва кој си заминува, додека новајлијата од Валенсија ќе се бори за минутажа со Ријад Марез.

Сепак, ни тука не е крајот.

Медиумите од Англија пренесуваат дека Сити ова лето повторно ќе тргне во нови инвестиции, а дека Пеп по Торес сака уште неколку засилувања.

Извесно е дека на „Етихад“ ќе пристигне нов стопер, Џон Стоунс е одамна отпишан, Николас Отаменди е во страшен пад на формата во последните месеци, па тука се само Ајмерик Лапорт и Ерик Гарсија, кого се повеќе го поврзуваат со Барселона.

Се шпекулира и дека Сити би можел да го доведе Калиду Кулибали, но на листата на Пеп е и Рубен Дијас од Бенфика, Пау Торес од Виљареал, како и Сојунчу од Лестер. Исто така, Пеп сака и нов лев бек, бидејќи не е задоволен од Бенжаман Менди, така што делува дека „Граѓаните“ би можеле повторно да бидат активни на трансфер пазарот како некогаш.

Сити две лета во низа е атипично тивок на трансфер пазарот, ангажирајќи го единствено Ријад Марез во 2018, односно Родри во 2019 година. Би било необично и трето лето да помине без Сити да лудува на трансфер пазарот, затоа треба да се подготвиме добро…

Извор: Спорт Клуб

Коментари

коментари

error: Content is protected !!