понеделник, 19 април, 2021

Познати резултатите од првиот ден од изборите? -Oгромна разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Во утринските часови општинската изборна комисија ја започна подготовката на специјалниот избирачки одбор за процесот на гласање во скопската општина Чаир.

Подготовките траеја неколку часови, подолго отколку во другите комисии.

Незадоволство имаше кај медицинскиот персонал кој беше дел од избирачкиот одбор поради квалитетот на заштитната опрема што им ја обезбеди Министерството за здравство. Опремата беше заменета со друга, но не е јасно кој платил за нив.

Фото: Алсат-М

Конечно, по три часа, тимот замина на адресите на луѓето во изолација, самоизолација и на оние со коронавирус кои се пријавија да гласаат. На влезот во просториите каде што живеат гласачите, тимот составен од медицински персонал и политички претставници се погрижи да се почитуваат мерките предвидени со протоколот.

Освен нив и новинарите го следеа процесот со скафандери, маски и нараквици.

Денес гласаа болните од Ковид-19 и оние кои поради биле во контакт со заразен од вирусот се во самоизолација. Своето право на глас го искористиле вкупно 716 лица.

Од вкупно 716 гласови од Ковид-19, дури 560 гласови се за владејачката СДСМ и коалицијата „Можеме“, само 21 глас има ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „Обнова на Македонија“, додека 135 гласови биле неважечки.

Оваа информација се појави на социјалните мрежи. Истата не е потврдена од ДИК. Подоцна се појави и друга вест на социјалните мрежи, таа паг гласи 2:1 во корист на ВМРО.

Во вторник ќе гласаат болните, изнемоштените и притворените, а в среда сите останати.

Среда е избрана за изборен ден кој ќе биде прогласен за неработен. Гласањето ќе почне стандардно во 7 часот наутро и ќе трае до 21 часот, два часа подолго од претходно за да се овозможи почитување на здравствените протоколи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!