понеделник, 19 април, 2021

Директорот на Зоолошката Галетановски заврши во полиција – причината статус на фејсбук

Директорот на Зоолошката градина во Скопје Ѓорги Галетановски попладнево бил приведеn во полиција поради објава на неговиот профил на Фејсбук, објави А1.он.

Во објавата Галетановски на ироничен начин им порачува на гласачите од партијата противник на неговата, при гласањето да пречкртаат „Северна“. Статусот на Галетановски не го објавуваме,бидејќи содржината го крши изборниот молк.

Галетановски два часа давал исказ во полицијата, по што бил пуштен. Наводно се работи за анонимна пријава, а според А1.он тој бил приведен на барање на Секторот за економски и компјутерски криминал.

Директорот на ЗОО – Скопје, Ѓорѓи Галетановски бил повикан во Полициска станица поради објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, потврдуваат од МВР за Прес24.

-Денеска Единицата за Економски и компјутерски Криминал при СВР СКОПЈЕ постапувајќи по Допис доставен од Одделот за компјутерски Криминал при БЈБ, следејќи ги социјалните мрежи, установиле објави со недолична содржина односно со објави кои што содржеле елементи на основи на сомнение за сторено кривично дело (не класифицирано) кое што се гони по службена должност заради што изготвиле Допис и со прилог издвоен материјал го доставиле до СВР СКОПЈЕ.  Од страна на ЕЕКК е постапено по предметниот допис преземени се соодветни мерки и активности, при што направен е увид во ФБ профилите на лицата кои што ги ширеле таквите објави, и за таа цел повикано е на разговор лицето Ѓ.Г. кој што од неговиот личен ФБ профил шерувал објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател, велат од полицијата за Прес24.

Галетановски на Фејсбук објави статус со кој ги повикува гласачите на една партија да го чкртнат „Северна“ на гласачкото ливче. Во тој случај ливчето ќе стане неважечко.

Владата на Република Северна Mакедонија на последната своја седница ја разгледа и усвои Информација за можноста на Република Северна Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19, и го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.

На оваа седница донесен е и протокол за работата на базените и плажите, а се укинуваат и ограничувањата во кафулињата – на една маса може да седат повеќе лица

Коментари

коментари

error: Content is protected !!