четврток, 13 август, 2020

Успешно функционира: Руската вакцина за корона вирус безбедна за луѓето

Испитувањата на првата вакцина во светот против корона вируст на доброволци на Сеченовскиот универзитет во русија успешно се завршени, соопшти директорот на Институтот за медицина и биотехнологија на тој Универзитет, Вадим Тарасов, пишува Независен.

Првата група доброволци ќе бидат пуштени следната недела на 20 јули, Клиничките испитувања почнаа на 18 јуни. Вакцината ја призведе истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“.

Целта на оваа етапа за испитувања беше да потврди безбедност на вакцината по здравјето на луѓето и тоа е направено.

„Во оваа фаза потврдена е безбедноста на вакцината. Таа е на исто ниво на безбедност како и вакцините кои постојат на пазарот“, рече директорот на Институтот за недицинска паразитологија, тропски и трансмисиони болести про истиот Универзитет, Александар Лукашев.

Доброволците биле поделени во две групи – првата примила една доза вакцина, а другата група – две.

Покрај повишена температура првите неколку дена по вакцината немало повеќе несакани реакции кај доброволците и сите се чувствуваат добро, велат од Институтот.

Доброволците подолго време биле во изолација, нивниот конакт со надворешнит свет бил ограничен и пред да ја примат вакцината, за да се избегне зараза со корона вируспт.

Долгиот период на изолација се одразил на психичката состојба на доброволците, па во текот на испитувањето имало и конфликтни ситуации, била присутна голема емотивна напнатост и затоа во работата биле вклучени и психолози, открива Тарасов.

Доброволците наскоро ќе се вратат на секојдневниот живот може да одат и на работа, да се занимаваат со спорт, пренесе Спутник.

Сепак, откако ќе бидат пуштени нивната здравствена состојба ќе биде под надзор за да се види што се случува со нивниот имунитет.

Како ќе се одвива работата понатаму по однос на вакцината зависи од сложеноста на епидемиолошката ситуација и можноста за масовно производство.

Извор: Независен

Коментари

коментари

error: Content is protected !!