четврток, 13 август, 2020

Заев објави важно писмо за поддршка и истакна благодарност

Ви благодарам!

Нивната борба за слобода е темелот на нашата борба за слобода.

Голема чест ми е што зад исправните политики на СДСМ во изминатиот период застанува и Сојузот на Борци и граѓаните поддржувачи. Тоа значи дека сме на вистинскиот пат.

Борците ја обезбедија слободата и независноста, а денес обезбедуваат продолжување по патот на развојот, интеграцијата и напредокот.

Благодарам почитувани борци, заедно со вас ќе ја добиеме и оваа битка и ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро за сите.

Пред нас е неповторлива шанса. Влеговме во НАТО, ги отвораме поглавјата со ЕУ. Сега мегданот е дома, во подигнување на економијата, зголемување на платите и пензиите, јакнење на економските капацитети на сите семејства во државата.

Да продолжиме по исправниот пат. На 15 јули, сите заедно за број 3, за коалицијата Можеме, за уште повеќе, за уште подобро, за сите граѓани во Република Северна Македонија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!