четврток, 13 август, 2020

Заев доцна во ноќта испрати моќна порака: Излези и учествувај во потврдата на сигурниот пат

Ќе успееме само ако секој од нас ја земе работата во свои раце и го повлече вистинскиот чекор. На 15 јули, стави маска, излези на гласачкото место и учествувај во потврдата на сигурниот пат. Гласај за СДСМ, гласај за сигурност, гласај за број 3! Можеме

Пред нас е неповторлива шанса. Влеговме во НАТО, ги отвораме поглавјата со ЕУ. Сега мегданот е дома, во подигнување на економијата, зголемување на платите и пензиите, јакнење на економските капацитети на сите семејства во државата.

Да продолжиме по исправниот пат. На 15 јули, сите заедно за број 3, за коалицијата

Можеме, за уште повеќе, за уште подобро, за сите граѓани во Република Северна Македонија.

Го бараме вашиот глас за нов, чист мандат, за да ги продолжиме добрите политики. Гласот за СДСМ е глас за сигурност, глас за да спречите влада на ВМРО-ДПМНЕ и нова опасност.

Излезете и гласајте за број 3, напредокот да продолжи уште повеќе, да биде уште подобро за сите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!