четврток, 13 август, 2020

Венко Филипче: Пациентот Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува на домашно лекување

Денеска пациентот Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување.

Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело. Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти!

Поврзани содржини во продолжение

Кризата докажа дека сме инвестирале таму каде што било најпотребно – во луѓето, во опрема и во болници. Како никогаш досега ги зголемивме платите во јавното здравство. Ги подобривме условите во повеќе од 40 јавно-здравствени установи. Инвестиравме во знаењето. И благодарение на ова, пред два месеци во екот на кризата, за првпат направивме трансплантација на срце. Покажавме дека здравствените работници се столбот на здравствениот систем, ама во оваа криза и на нашето општество. Покажавме како се работи чесно, пожртвувано и како се чува државата. Верувам дека можеме уште повеќе и уште подобро. На 15ти јули да гласаме за поцврст здравствен систем и мотивирани здравствени работници. Знам дека сме победници! ✊

Коментари

коментари

error: Content is protected !!