четврток, 13 август, 2020

Страшна вест го потресе Тетово: Почина 24-годишна девојка од корона вирус

24-годишна пациентка од село Јажинце, од тетовската општина Јегуновце е најмладата пациентка  досега која почина од КОВИД 19. Немала регистрирано хронични болести.

Телма дознава дека на Инфективна Клиника во Скопје била донесена на 28 јуни, а претходно се лекувала два дена во Тетовската болница, каде дошла по една недела домашно лекување од КОВИД 19. Откако ги добила првите симптоми матичниот лекар и дал соодветна терапија, но ситуацијата не се подобрила и таа била хоспитализирана во Тетово.

Брзо и се влошила ситуацијата и отежнато дишела, потоа била префрлена на скопска Инфективна. Тука имала извесно подобрување, но состојбата во последните денови се влошила бидејќи се појавиле кардиолошки проблеми и во нејзиното лекување, освен инфектолозите биле вклучени и кардиолози.

Не била на респиратор, затоа што нејзината сатурација била на задоволително ниво. Проблемите со срцето настанале паралелно со корона вирусот, по што и починала.

Во наредниве денови, докторите од Инфективната клиника ќе стапат во контакт со нејзиното семејство за да испитаат дали девојката имала претходно некакви здравствени проблеми кои можеби влијаеле ситуацијата со болеста да се влоши.

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 90
-Куманово 17
-Дебар 6
-Штип 9
-Прилеп 3
-Тетово 12
-Струга 12
-Битола 2
-Охрид 4
-Кавадарци 2
-Гостивар 5
-Струмица 2
-Радовиш 1
-Крушево 1
-Пробиштип 3
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 24
-Кичево 3
-Ресен 2

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од:

-Скопје 94
-Дебар 1
-Штип 4
-Прилеп 1
-Тетово 9
-Струга 1
-Охрид 6
-Гостивар 2
-Крушево 1
-Македонски Брод 1

Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!