четврток, 13 август, 2020

Николовски: СДСМ ги враќа парите кј граѓаните

СДСМ враќа пари кај граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ зборот враќање постои единствено за враќање на Груевски и обнова на режим

Изборната кампања е пред самиот крај и верувам дека успеавте да ја видите огромната разлика меѓу СДСМ и Коалицијата Можеме која настапи со конкретна програма и визија за иднината на државата и ВМРО-ДПМНЕ која не покажа ништо друго освен лицето на режимот кој 11 години ја запусти државата.

Ние понудивме развој и просперитет, тие понудија враќање кон изолацијата и корупцијата.

Ние понудивме правда, ред и дисциплина, тие понудија заштита на криминалот, враќање на Груевски, враќање на истата криминална група која ги ограбуваше и понижуваше граѓаните.

Ние со храбри одлуки го овозможивме влезот во НАТО и го откочивме евроинтеграцискиот пат, тие нудат поништување на Преспанскиот договор, на Договорот со Бугарија и целосно загрозување на нашите европски перспективи.

Ние го потврдивме македонскиот јазик и идентитет, обезбедивме соживот, тие сакаат да не вратат на меѓуетнички тензии и поделби.

Затоа е многу важно на изборите на 15 јули сите, почитувајќи ги мерките за заштита, да излеземе на избори и да ги поддржиме СДСМ и Коалицијата „Можеме“. Затоа што СДСМ нуди иднина, а ВМРО-ДПМНЕ е опасност за државата.

За да го победиме национализмот што го промовираат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!