четврток, 13 август, 2020

Носењето на маски треба да стане автоматско како и ставањето појас во автомобил

Шкотската премиерка Никола Старџен изјавила дека носењето на маски треба да стане подеднакво автоматско како и ставањето безбедносен појас во автомобилите.

Таа тоа го кажала во момент кога носењето на маска станало задолжително во продавниците и во јавниот превоз ширум Шкотска, пренесува “BBC”. 

Старџен навела, дека со оглед на тоа дека продавниците се затворени простории, во нив треба да се носат маски, бидејќи постојат се повеќе докази дека носењето на маска може да има улога во спречувањето на пренесување на вирусот.

Во догледна иднина, тоа што им го зборувам на луѓето, е дека носењето на маска во продавници или јавен простор треба да стане подеднакво автоматско како и ставањето на безбедносен појас кога влегуваме во автомобил”, истакнала шкотската премиерка.

Таа, меѓутоа, додала дека носењето на маска во ресторан или паб потешко се спроведува од очигледни причини.

Никола Старџен навела и дека во Шкотска втор ден по ред нема смртни случаи.

Во Шкотска од коронавирус вкупно починале 2.490 лица, а регистрирани се уште 18 новозаразени во последните 24 часа.

Старџен изјавила дека тоа е најголем пораст на позитивни случаи во последните три недели.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!