Лупевска до Мицкоски: Некои ве условуваат како мајстор од спотовите – кој лик сте, професорот или мајсторот

Кој лик сте Вие, професор или мајстор. Некои по спотовите ве условуваат како мајсторе. Можеби дома треба да прашаме дали дома држите чекич и ги поправате работите или викате мајстор да ви поправа некои работи по дома. Со овие зборови Снежана Лупевска Созен го праша Мицкоски кој лик е тој.

Сам изградив куќа. Изградив дом за своето семејство. На тој начин се надевам можам да помогнам да многу граѓани имаат пристојна желба да останат овде во Македонија. Ако ја добијам довербата од граѓаните веројатно ќе успеам да направам пристоен дом за живеење и од Македонија, одговори Мицкоски на прашањето.

На прашањето дали ќе ја напушти функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ доколку изгуби на изборите Мицкоски не одговори директно бидејќи како што рече воопшто не размислува за такво нешто.

„Нашиот став кон тие прашања ако конкретно алудирате на тие два договори сме го кажале многу пати во минатото, апсолутно ниту имам што да додадам, ниту што да одземам од тоа прашање. Истовремено на многу мои настапи во изминатиов период сум го кажал и последниот наш став, а тоа е поврзан со сето она кажано во минатото дека ние би биле лицемери ако кажеме дека ја игнорираме реалноста“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на емисијата „Топ Тема“.

Мицкоски додаде дека не може да се игнорира реалноста бидејќи се учествува на избори, и си дел од влада каде што за жал постои новата придавка на името. Тогаш тој би бил лицемерен ако пред избирачите и пред граѓаните каже дека тоа не е така. Тогаш граѓаните на тоа сигурно би кажале зошто тогаш учествува на избори.

„Моето демократско право е ако со нешто не се сложувам дека ќе се трудам да дадам се од себе за да променам таа реалност ако за нешто ценам дека е ускратено моето елементарно право, ако ценам дека може да биде подобро“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека никогаш нема на пример да се сложи дека Гоце Делчев бил нешто друго, а не Македонец. Не може да се сложи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарски.   Не може да се исполнуваат ставки од договорот со јужен сосед предвреме. Нема да се сложи да се откаже од своите сонародници кои живеат во соседните држави.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!