четврток, 13 август, 2020

Каролина не чека отворање на границите – eве каде ужива пејачката

Ситуацијата во која се наоѓаме не нѝ дозволува летниот одмор да го поминеме онака како што сме си замислиле, но тоа и не е толку страшно со оглед дека и во нашата земја има убави места за ‘полнење батерии’.

Летните одмори за некои веќе ‘на големо’ почнаа, а, се разбира, јавните личности се тука за да го привлечат вниманието со некое подзаборавено место.

Една од нив е Каролина Гочева, која годинава одлучила да наполни батерии токму покрај Охридското езеро.

Гочева на социјалните мрежи сподели фотографија од познатиот манастир Св. Наум – место кое можеби малку го подзабораваме во летниот период, кога инаку границите се отворени.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!