Жан Митрев со преубава вест: Со нова метода успеавме да излекуваме 25 тешко заболени од корона вирус

Д-р Жан Митрев потврди дека на неговата клинига успешно се лекуваат пациенти кои што се тешко болни од коронавирусот.

Оттаму велат дека со примената на еден нов концепт на хемофилтрација, прочистување на крвта, досега на клиниката „Жан Митрев“ се излечени 25 пациенти кои што биле во многу тешка состојба, како последица на коронавирусот.

Д-р Митрев вели дека веќе три седмици ја применуваат оваа метода и досега истата дала одлични резултати.

„Сите примени пациенти беа со изразени симптоми на Ковид инфекција. Нашиот концепт на лекување подразбира прво следење на инфективните параметри, го одредуваме инфламаторниот индекс на тој пациент и одиме на хемофилтрација – прочистување на крвта за 24 или 48 часа, а за некои пациенти во тешка состојба прочистувањето трае и подолго.

-Досега се третирани 25 пациенти со индикација да се стават на респиратор, што со примена на овој метод го избегнавме. Повеќе од половината од пациентите се веќе дома, а другите се во фаза на опоравување.

Оваа техника на која ние пристапуваме дава одлични резултати, резултатите се евиденти. Загрижувачки е тоа што имаме сè повеќе млади пациенти.

-Ова е тешка болест, многу агресивна и досега во светски рамки нема концепт како треба пациентите да се третираат. Се работи за навистина сериозна болест.

-Ова е еден концепт кој засега дава охрабрувачки резултати за тешко болни пациенти пред интубација. За оваа метода наскоро ќе објавиме и по познатите светски научни портали“ – изјави д-р Митрев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!