четврток, 13 август, 2020

Се удави позната актерка: „Мама отиде да плива и не се врати“

Актерката и пејачка Наја Ривера се удавила во езерото Пиру во близина на Лос Анџелес.

33- годишната Наја се удавила пред очите на својот четиригодишен син, пренесуваат американските медиуми.

Таа изнајмила чамец на езерото Пиру во националниот парк во близина на Лос Анџелес и потоа веќе не е видена, нејзиниот син на спасувачките екипи им изјавил:

-Мама замина да плива и не се врати.

Наја била најпозната по улогата во серијата „ Glee“ а имала улоги во во сериите „Чувари на плажа“ и „Принцот од Бел Ер“.

Последната нејзина фотографија објавена на Инстаграм најверојатна е направена токму синоќа на езерото додека Наја е во прегратки со синот.

Во описот на фотката актерката напишала:

„Само ние двајца“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!