четврток, 13 август, 2020

Се работи како да е нормално, ама во последните 24 часа има рекорден број на заболени – 240 во соседна Бугарија

Корона вирусот се повеќе ги зафаќа и соседните држави. Откако во Македонија речиси и да не се намали бројот и пикот, во соседните држави, по одреден период – бројот на заболени значително порасна.

Вкупно 240 се новите случаи на заразени со коронавирус во Бугарија за изминатите 24 часа и тоа рекорден број досега, јавија бугарски медиуми.

Најголем број заразени лица има повторно во Софија – 71. Следат Пловдив и Благоевград, со 21 и 17 заразени, соодветно.

Уште пет пациенти починале од Ковид-19 за 24 часа. Хоспитализирани се 498 заразени од кои 29 се на интензивни одделенија.

На почетокот од оваа недела, министерот за здравство Кирил Ананиев најави дека доколку бројот на заразени се зголеми на повеќе од 200 на ден, ќе се земат предвид ограничувањата. Премиерот Бојко Борисов вчера најави дека мерките нема да бидат затегнати под никакви околности.

Грција ублажи уште некои мерки воведени поради епидемијата од коронавирус

Грција денеска продолжи со убалжувањето на рестриктивните мерки воведени заради спречување на епидемијата на коронавирус.

Купувачите во трговските центри повеќе не се обврзани да носат заштитни маски, додека вработените и натаму мора да ги имаат, пренесува Катимерини.

Претходната одлука дека се дозволуваат до шест муштерии зад една маса во баровите и рестораните исто така е повлечена.

Одлуката е објавена денеска во владиниот службен весник.

Нов раст на бројот на починатите и заразените со коронавирусот во Франција

Бројот на новите смртни исходи и зарази со новиот коронавирусот во Франција во средата беше повисок од просекот забележан последната седмица, а здравствените власти предупредуваат на можен нов бран од Covid-19.

Во средата потврдени се нови 663 случаи на зараза, додека во вторникот овој показател изнесуваше 475 заразени. Просекот на дневно ниво последната седмица беше 536 новозаразени. Во јуни овој просек изнесуваше 435, во мај 715 а во април дури 2.582 заразени на ден.

Вкупно заразени од коронавирусот од почетокот на епидемијата во Франција се 169.000 лица, од кои 77.985 досега оздравеле.

Директорот на француската агенција за јавно здравје, Жером Саломон, изјави денеска дека Франција мора да се подготви за вториот бран од епидемијата.

Во средата се забележани 32 смртни исходи од Covid-19, што е речиси двојно повеќе од просекот последната седмица. Со вкупно 29.965 починати, Франција е на шестото место во светот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!