четврток, 13 август, 2020
epa08384782 A man goes for a walk with his daughter through Bruil park in Zaragoza, Spain, 26 April 2020, on the first day minors are allowed to go out for an hour a daysince lockdown was ordered in Spain 44 days ago in an attempt to flatten the coronavirus curve. EPA-EFE/TONI GALAN

На работа се враќаат само родителите чии што деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

– Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст.

Во изјава за медиумите, Филипче истакна дека владината уредба се однесува на оние родители чии деца се до 10-годишна возраст, а кои одат на училиште.

Тоа значи дека на работа се враќаат само оние родители чии деца учат во основно училиште, но не и оние родители чии деца одат во градинка.

– Станува збор за родителите на децата од школска возраст заради тоа што сега секако школите не работат.  Останува на сила одлуката за родителите на децата кои одат во градинки кои сега не функционираат, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со претставници на здружението „Борка“.

Во уредбата на Владата донесена во вторникот се наведува – Владата на денешната 74-та седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родителите на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.

Прочитај повеќе: Боки-13 преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-тина функционери и бизнисмени

Бојан Јовановски денеска продолжи со поднесувањето кривични пријави во обвинителството. Преку соопштение на осум страници напишано рачно, Јовановски информира дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, членови на нивни семејства, бизнисмени.

Во соопштението наведува дека станува збор за околу 40-тина лица, кои според пријавите треба да одговараат за злоупотреба на службена положба, измама, давање лажен исказ.

„Со случајот Рекет игравме правна држава но доста беше таа фарса. Сега треба да дојде време на вистинско владеење на правна држава каде поштедени нема да има. Сега на сите ни е јасно зошто мојот телефон не е вештачен“ се вели во соопштенито на Бојан Јовановски кој и денеска пред обвинителството изнесува докази и поднесува кривични пријави против финкционери за 20 кривични дела.

Јовановски пишува дека се надева дека ќе се процесуираат пријавите меѓу кои има пријави за кривични дела тортура, не пружање лекарска помош, изнуди , но и за злоупотреби на функции. Поради тајноста на постапката тој не ги соопштува имињата против кои ги поднесува пријавите, вели ќе ја почитува постапката но бара и обвинителството да постапува по неговите пријави.

Во соопштението тврди дека е цел на тортура и уцена,но не се плаши и ќе се бори за вистината.

Му укажува и на обвинителот Јовевски дека за она што го зборува сега пишувал писмо до првиот човек на обвинителството уште во ноември лани, сакајки да потенцира дека сегашните пријави немаат никаква врска со пресудата која му беше изречена неодамна.

„Единствено ќе ме спречат доколку ме личат од живот!“, вели Јовановски и најавува дека нема да застане во борбата за отривање на вистината за Рекет , за него , за многу други случаи во државата, како и за односот и злоупотребите од политичарите за кои тој тврди дека има несоборливи докази.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски. изјви дека очекува по целосно документирање на случаите, Обвинителството да отвори предмети за поднесените кривични пријави.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!