четврток, 13 август, 2020

Канје Вест на изборите планира да оди како независен кандидидат

Американскиот рапер Канје Вест во интервју за изданието Форбс денеска изјави дека својата кандидатура за претседател на САД планира да ја објави како независен кандидат.

Тој додаде дека би бил спремен да стане кандидат на Републиканската партија доколку таа не би била претставувана од сегашниот претседател Доналд Трамп.

Вест претходно на Твитер соопшти дека има намера да учествува на претседателските избори во САД. Во коментарите под твитот тој доби поддршка од Илон Макс, основач на компаниите „Тесла“ и „СпејсИкс“

Вест е во брак со Ким Кардашијан, американска популарна реалити шоу ѕвезда. Во интервјуто тој истакна дека, засега, таа и Маск се единствени советници во неговата претседателска кампања во зародиш.

Според изборната традиција во САД, реални шанси за избор на претседател имаат кандидатите од најголемите две политички партии, републиканстата и демократската. (МИА)

Прочитај повеќе: Канје Вест откри дека го прележал коронавирусот!

Канје Вест пред неофицијално да се кандидира за претседател на САД, откри дека го прележал коронавирусот.

Тој во интервју за „И Њуз“ потврди дека го прележал вирусот во февруари.

Вест ги опиша своите мачни денови, кога имал силна треска, потење, висока температура и единственото нешто што му беше потребно било топол туш.

-Слушнав дека и Дрејк имал коронавирус, па си реков не може да му е полошо отколку на мене, рече познатиот рапер.

Дрејк во март сепак покажа на својот Инстаграм профил негативни резултати на тестот за коронавирусот.

-Кога велат дека ќе направат вакцина за Ковид-19, премногу внимавам, кажа контраверзниот рапер.

Интервјуто се прошири по социјалните мрежи по неговата кандидатура за претседател, идеја која ја соопшти уште во 2015 година.

Раперот во моментот подготвува нов албум „Господовата земја“ како и нова колекција на неговата модна куќа „Јизис“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!