четврток, 13 август, 2020

(ФОТО) Македонска работа: Во маркет го предупредил дека треба да носи маска – настрадал автомобилот

Македонија е земја во која секој ден има повеќе од 100 заболени, често резултатот може да биде и над 150 на ден, но и покрај се, некои од граѓаните не веруваат во корона вирусот.

За жал, бројот на оние што мислат дека корона вирусот не постои е голем, а поради тоа, тие воопшто не ги почитуваат мерките од страна на Владата, затоа што според нив тоа е една обична лага.

Една необична, ретко видена ситуација ни доаѓа од нашата Македонија. Веројатно ова е единствен случај во светот, кога на некој му мислиш добро, тој ти враќа на чуден начин.

Александар Никоиќ Писарев на својот Фејсбук профил сподели крајно тажна вест, неговиот автомобил е целосно искршен, малку од ударите добил и тој, а причината е крајно катастрофална.

-Ако во маркет предупредите некого зошто не носи маска, кога ќе излезете може да поминете вака,- напиша Писарев.

Подолу во коментари, Александар добива поддршка од своите Фејсбук пријатели, кои му порачуваат истото веднаш да го пријави во полиција, притоа додаде и дека тој бил во автомобилот, поради што добил по нос.

-Бев во кола и добив и по нос. Се е обавено по протокол, резултатите ги знаете како одат,- пишува Александар.

Има и коментари од типот „а ти работиш во маркет?“ и „А кој си ти да кажеш маска да стават“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!