четврток, 13 август, 2020

ОФИЦИЈАЛНО: Владата го усвои предлогот – од утре задолжителен негативен тест за влез во Македонија од овие четири земји

По препорака на Комисијата за заразни болести, негативен тест на ковид-19 ќе треба да приложат граѓаните на Србија, Б и Х, Црна Гора и Косово, доколку планираат да влезат во Северна Македонија

Од утре, државјани на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да приложат негативен ПЦР – тест на ковид-19, не постар од 72 часа, доколку сакаат да влезат во Северна Македонија.

Владата вечерва на седница го усвила предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжителен ПЦР – тест при влез во државава од овие четири држави од регионот, соопштија од Министерството за здравство.

Од Владата, во соопштение по седницата, објаснија дека при влез на граничен премин на територијата на Северна Македонија, од државјани на Србија, Косово, Б и Х и Црна Гора ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2 и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

Препораката што ја усвои изутрина Комисијата за заразни болести е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно со информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Брнабиќ: Во Србија нема да има насилен преврат и анархија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва изјави дека ова се најнасилните протести досега во земјата, но дека во Србија нема да има насилен преврат и анархија.

-Кризниот штаб утре ќе се состане и ние ќе продолжиме да се бориме против коронавирусот и да ги спасиме здравствените работници и здравјето на луѓето, и ќе победиме, рече Брнабиќ за ТВ Пинк, повикувајќи ги граѓаните да бидат дисциплинирани.

Таа посочи дека се се прави и дека полициски час се уште не е воведен, но дека мора да се борат за здравјето на луѓето и да балансираат заради зачувување на економијата.

Српската премиерка кажа дека демократскиот поредок во земјата и стабилноста ќе бидат зачувани и му порача на претседателот Александар Вучиќ утре да оди и да се бори за Косово. Таа оцени дека насилните протести во Белград несомнено предизвикале огромна штета на претстојните разговори, но дека Вучиќ ќе даде се од себе и ќе се фокусира на Косово, безбедноста на Србија и иднината на целиот регион.

-Има многу што не го сакаат тоа, но зад тоа е најголем број граѓани и тоа е силата на Александар Вучиќ, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека државата ќе ги заштити и политичките противници и дисиденти, како Вук Јеремиќ, Сергеј Трифуновиќ, Драган Џилас …, кои беа нападнати на протестите, но не и оние што сакаа да претепаат некого, затоа што насилството не би било дозволено.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!