Веста за Иван и Абел која секој треба да ја знае: Што би мислела мојата мајка?

На оваа слика, Абел Мутаи, член на кениската репрезентација, беше на само неколку метри пред целта, но тој беше збунет од сигнализацијата и престана мислејќи дека трката е завршена.

Сепак, натпреварувачот на шпанската репрезентација, Иван Фернандез, трчаше веднаш зад него и кога сфати што се случува, тој започна да вика кон кенискиот спортист за да продолжи да трча.

Бидејќи Мутаи не го разбираше шпанскиот, овој млад Шпанец го турна напред да ја пробие целта прв.

Новинарите се приближиле и еден го прашал Иван: „Зошто го стори тоа? Зошто му дозволи да победи?“

Иван одговори: „Не му дозволив да победи, тој сигурно ќе победеше“.

Новинарот инсистираше на тоа: „Но, можеше да бидете победник!“

Атлетичарот на шпанската репрезентација го погледна и одговори: „Но, каква ќе биде славата во таа победа? Што би било чесно во мојата победа? Што би мислила мајка ми?“

Ова е прекрасен пример за тоа како да ги научиме децата да бидат луѓе и да победуваат во животот. Искрено. Човечки. И… спортски до крај!!!

Веста е преземена од Изабела Ангелова

Коментари

коментари

error: Content is protected !!