Конечно паметно и лесно решение: Како да се ослободите засекогаш од комарците

Комарците и мувите во лето се вистински кошмар и често знаат да ни го расипат уживањето во ноќните часови, а дури и спиењето.

Но доколку мислите дека за тоа нема лек, се лажете. На Твитер овие денови се појави нов трик кој стана вистински хит.

Сетете се само колку пати не сте можеле да спиете поради зуењето и убодите од комарци кои потоа ужасно чешаат.

Дури ниту купечките спрееви не помагаат во целост, а и препаратите кои се продаваат за во домот може да бидат високо токсични за организмот.

Постојат многу „направи-сам“ трикови кои наводно гарантираат дека ќе бидете безбедни од комарците, но неодамна еден од нив буквално го запали интернетот, а речиси половина милион луѓе тврдат дека е ефикасен.

Многу едноставен и евтин, а се што ви е потребно е еден лимон и каранфилчиња.

Лимонот исечете го на половина, а потоа во секоја половина забодете каранфилчиња.

Потоа, лимонот ставете го каде што спиете или престојувате, а тој помешан со каранфилчињата успешно ќе ги избрка комарците.

Биологот тврди дека секој човек испушта над 300 различни хемикалии од кожата, а дури 100 од нив се наоѓаат во здивот. Женката на комарецот ги вклучува сите свои сетила за да одлучи дали некого ќе го касне или ќе го заобиколи.

Уште еден битен фактор врз чија основа комарците одлучуваат дали ќе цицаат нечија крв е мирисот на кожата. Така, на пример, жолтите и тигрестите комарци ги привлекува млечната киселина, додека обичниот комарец е понаклонет кон масната киселина.

Постои верување дека лицата што јадат лук и земаат витамин Б ги одбиваат комарците, но биологот Нолс вели дека нема доволно докази за тоа.

Јапонските научници, пак, веруваат дека крвната група е пресудна за комарците. Па, така, лицата со крвна група 0 тие ги сакаат двојно повеќе од, на пример, оние со крвна група Б или АБ. А најмала веројатност дека ќе ги нападнат имаат лицата со крвна група А.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!