среда, 1 декември, 2021

Докторката Цаца Билјановска се врати на работа во кожната клиника

Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот се врати на работното место, потврдуваат од клиниката за тв 24.

Докторката заработи кривична пријава од полицијата, а Основното јавно обвинителство Скопје предложи да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра. Лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе и биде одземена лиценцата за работа, во меѓувреме докторката се врати на клиниката.

Цаца Билјановска беше четвритиот пациент позитивен на коронавирусот во Македонија. Откако се утврди дека е позитивна целата клиника беше ставена под клуч, а нејзните колеги беа ставени во изолација. Ваквото однесување на докторката тогаш го осуди министерот за здравство и колегите од фелата.

Извор за текстот – ТВ24

Прочитај повеќе: Филипче: Медицински тимови ќе помагаат во гласањето во домашни услови за лицата во изолација и на домашно лекување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се осврна и на подготовката од страна на Министерството за здравство за безбедно одвивање на изборниот процес со предвремените парламентарни избори и информираше и дека медицинските тимови, односно здравствените работници ќе помагаат во гласањето во домашни услови за лицата во изолација и на домашно лекување.

„Според евиденцијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат околу 5 000 лица се во изолација и на домашно лекување. Како што ме информираа од Државната изборна комисија, тие треба да се пријават на веб страницата на Државната изборна комисија доколку сакаат да гласаат. Од Министерството за здравство доставивме списоци на здравствени работници. Од страна на Државната изборна комисија ќе бидат распределени – по тројца во општина, за да го спроведат ова гласање заедно со одборите “, потенцираше министерот Филипче.

Тој информираше дека од Државната изборна комисија планираат симулација на процесот на денот на гласање, во среда или во четврток со членови на избирачки одбори, со претставници на набљудувачи од партиите, како би изгледал процесот со сите заштитни средства, согласно протоколот кој што го даде Комисијата за заразни болести, а на која симулација ќе бидат присутни и членови на Комисијата

Коментари

коментари

error: Content is protected !!