недела, 20 септември, 2020

Десет нешта што веројатно не ги знаете за Владимир Путин

Претседателот Владимир Путин е зад кормилото на Русија од 1999 година, откако наизменично ги врши функциите претседател и премиер. Но пред да дојде на власт, тој поголем дел од животот минал далеку од очите на јавноста. Во ситуација кога светот го тресат кризи, од Сирија до Украина, Путин се најде во центарот на вниманието, а Хафингтон пост ни дава увид во изненадувачкото минато на рускиот лидер.

1. Владимир Путин пораснал во Санкт Петербург, во стан во кој живееле три семејства.Тој во една пригода кажал дека се сеќава како ловел стаорци по скалите.

2. Дедо му бил готвач во вилата на Ленин, а подоцна неколку пати готвел и за Сталин.

3. Црниот појас во џудо го стекнал на 18 години, а и ден денес тренира боречки вештини, кои за него претставуваат животна филозофија.

4. Со уживање чита шпионски романи, а во една пригода кажал дека „најмногу од сѐ го фасцинира кога еден единствен човек сам со својот труд ќе успее да го постигне тоа што не можеле цели армии“.

5. Веднаш по завршувањето на факултетот стапил во советската служба за безбедност и разузнавање КГБ (Комитет за државна безбедност) и осумдесеттите години од минатиот век ги поминал помагајќи ѝ на советската тајна полиција во регрутирањето агенти за шпионирање на Западот.

6. Путин ги обожава своите кучиња, па дури и ги води со себе и на политички преговори. Неговите колеги од други земји наводно се плашат од некои од кучињата.

7. Течно зборува германски, но не се снаоѓа баш најдобро со англискиот.

8. Путин и неговата сопруга објавиле дека се разведуваат во 2013 година, во пауза на балетска претстава. Тие разводот го објавија во Државниот дворец во Кремљ, на 6 јуни 2013 година.

9. Тој има две ќерки, но нивните животи се чуваат во тајност. Тие студирале на факултет под други имиња, а не се знае каде живеат и што работат.

10. Тој е православен христијан и ја искажува својата вера на малку контроверзен начин, како на пример споредбата меѓу истополовите бракови со верувањето во Сатаната.

Прочитај повеќе: Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

Досега никогаш видени фотографии од ќерките на рускиот претседател Владимир Путин се појавија во јавноста од приватната колекција која е во сопственост на некогашниот близок пријател на Путин.

На фотографиите се наоѓаат Марија и Катерина како тинејџерки веднаш откако Путин дошол на власт во 2000-те.

Како што пишуваат странските медиуми, се верува дека ги објавил поранешниот милијардер Сергеј Пугачев (57) кој токму оваа недела ја изгуби правната битка вредна 13 милијарди долари против руската држава на Парискиот арбитражен суд.

Ќерките на Путин на овие фотографии се’ уште деца, а според медиумите фотографирани се во Кремељ како и домот на Пугачев близу Москва.

На фотографиите тие со протераните синови на Пугачев. Пугачев тогаш бил во брак со Русинка пред да ја започне врската со британската грофица Александра Толстој, со која сега има уште 3 деца, или вкупно 5.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на својата политичка кариера ги криеше ќерките од очите на јавноста и ретко зборуваше за нив. Тие две сега имаат триесетина години.

Ќерката Марија денес има 35 години и го користи презимето Воронтсова, а се занимава со медицински истражувања. Се верува дека е омажена за холандски бизнисмен со кого има семејство.

Екатерина (33) позната е по презимето Тихонова и се занимава со танц. Дипломирала на Универзитетот во Москва. Била омажена за најмладиот руски милијардер Кирил Шамалов. Како што пренесувале странските медиуми, тие двајца се развеле после неколку години.

Инаку постојат верувања дека Путин има уште едно семејство, но тие тврдења не се никогаш потврдени.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!