четврток, 13 август, 2020

По изборите можно е да има ДВЕ влади, една македонска – другата албанска?

Како што минува изборната кампања, така и кандидатите за пратеници и лидерите на партиите влегуваат со се повеќе остра реторика. Таков пример е и вечерашното излагање на Зијадин Села.

Поранешниот градоначалник на Општина Струга, воедно и лидер на Алијанса на Албанците, вечерва имаше говор на централниот митинг на коалицијата „Сега е време“ одржан токму во Струга.

Најпрво Села и Гаши беа во посета на Лабуништа, а веднаш потоа беа во Струга, каде од својот роден град, Зијадин Села им даде одговор на Заев и Мицкоски.

Откако Заев му кажа на Мицкоски дека ќе му бидат потребни негови пратеници, но е отворена опцијата и да понуди пратеници од СДСМ за формирање на влада, само и со цел да не се дозволи уценување од страна на ДУИ.

Сепак, ова прашање го „допрело“ и самиот Зијадин Села, кој одговори остро кон Заев и Мицкоски:

0Слушам дека Заев и Мицковски се подготвени да формираат македонска влада, еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе ја создадеме нашата албанска влада, рече Села.

Јасно е, немам што да ти кажам, рече Села од Струга.

Ќе креираме имиџ на политичар кој го исполнува тоа што го ветува, ова го порача лидерот на Алијансата за Албанците и носител на листа во шестата изборна единица, Зијадин Села.

Никој од нас нема да слушне празни зборови и за големи позиции, бидејќи нашето политчко дејзствување не е само за поединецот, нашата политика е поврзана со проблемите на Албанците каде и да се, потенцираше Села во својот говор.

За четири години вледеење, вели, во програмата се предвидени 500тини милиони евра, за ревитализација на албанските населни места.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!