понеделник, 18 октомври, 2021

Ахмети: Денес ја бараме функцијата на премиерот, утре и на претседателот на државата

Лидерот на ДУИ, на собир кај Камениот мост во Скопје, оцени дека македонските политичари се хомогенизираат само за премиерот да биде Албанец, наместо да имаат почит кон Гоце Делчев, кој, како што рече, држел говор пред Албанци со бела капа.

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и првиот етнички Албанец – кандидат за премиер Насер Зибери одржаа собир кај Камениот мост во Скопје.

Ахмети истакна дека чекор по чекор се прават големите дела и дека секогаш од нивна страна се претставени филозофии и добри и корисни идеи, како за Албанците, така и за сите граѓани кои живеат во Северна Македонија.

„Придонесовме за многу важни случувања за земјата, како што е спроведувањето на Охридскиот договор, кој не беше корисен само за Албанците, туку и за другите заедници во земјата. Со нашето жртвување најмногу добија нашите сограѓани Македонци, бидејќи ние на земјата ѝ обезбедивме интегритет и суверенитет, признавање и зајакнување на пријателството со меѓународната заедница. Тоа што беше широко познато како голем проблем на ова земја беше прашањето за името кое резултираше со Преспанскиот договор, кој ја построи ова земја и ја направи еднаква помеѓу еднаквите“, истакна Ахмети.

Според него, македонските политичари се хомогенизираат само за идниот премиер да не биде Албанец.

„Од ова место, не далеку од тука, Скендербег не гледа. Пред 100 години преку овој мост имаат поминато Хасан Приштина и Иса Болетини кои никогаш не ги негираа и другите нации кои живееле на овие подрачја. Имало соработка на албанските патриоти со македонските движења.

Треба да се прифати Гоце Делчев, бидејќи соработувал со албанските патриоти. Имам порака за новите политичари на ова земја кои прават хомогенизација за едно челично обединување само премиерот да не биде Албанец: нека се навратат во минатото и, ако имаат почит за Гоце Делчев, ќе видат дека тој има одржано говор пред Албанци со бела капа. Ако тие се потомци на Гоце Делчев, ова кандидатура требаше да ги направи среќни“, нагласи Ахмети.

Тој рече дека кандидатурата за премиер Албанец не само што ќе ја зајакне стабилноста и безбедноста на земјата, туку ќе има и позитивно влијание врз економијата.

Извор: 360степени

Коментари

коментари

error: Content is protected !!