Уште една лоша вест за Македонците – овој пат од Бугарија: Продолжен задолжителниот карантин на македонските државјани

Македонските граѓани кои сакаат да влезат во Бугарија и во следните две недели ќе мораат да одат во задолжителен карантин од 14 дена по влезот кај источниот сосед, јави бугарското државно радио.

Првиот човек на Државниот здравствен инспекторат, Ангел Кунчев, изјави денес при посета на пограничниот град Ќустендил дека обврската за карантин ќе остане во сила и по 1 јули.

Повеќе од 15.000 луѓе од Македонија кои имаат документи со адреси во Ќустендил и двојни државјанства очекуваа дека мерката ќе биде укината од 1 јули и дека ќе можат да влезат во земјата за да завршат административни работи или да платат даноци, пишува веб-страницата на бугарското радио.

-Многу се надевавме дека од 1 јули ќе има решение за цела Европа, но за жал, има големи разлики меѓу земјите од ЕУ по ова прашање. Сигурно е само тоа дека државјаните на земјите во кои има најмногу случаи на коронавирус: САД, Русија, Бразил и Индија, нема да бидат примени во ЕУ, изјави Канчев.

Брисел денес соопшти дека од 1 јули границите на ЕУ се отвораат за уште 14 држави, меѓу кои ја нема Македонија, но списокот не е задолжителен, туку секоја земја ќе може самостојно да одлучи за кои земји ќе ги отвори своите граници.

Прочитај повеќе содржини: Вонредната состојба во Бугарија е продолжена до 15 јули

Владата на Бугарија донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран на заразени со новиот коронавирус, изјави бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев.

Бугарија неодамна ги намали рестриктивните мерки, но минатата недела поради 606 нови случаи, што е најголем неделен пораст на позитивни случаи  во земјата од почетокот на пандемијата, одлучи да ја продолжи вонредната состојба.

Утрово се евидентирани нови 130 случаи, со што вкупниот број на позитивни случаи во Бугарија е 4.114, а починати се 208 лица.

Бугарија ја блокира и Србија во ЕУ: Бара малцинство, а самата не ги признава?

Српската премиерка Ана Брнабиќ потврди дека и Бугарија е една од земјите која била против Србија да отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ. Србија веќе една година е блокирана во преговорите со ЕУ, а сега се појавил и проблем со Бугарија.

Како што изјавила Брнабиќ за „Пинк“, Бугарија барала од Србија да признае постоење на бугарско малцинство во околината на Димитровград, иако и самата не признава национални малцинства на своја територија.

-Тоа е неверојатно. Бугарија отвора прашање за положба на малцинство, а кај нив не постојат институции што се занимаваат со проблеми на националните малцинства, рече Брнабиќ.

Коментари

коментари