Преку Архус и Мастрихт до еколошка транспарентна информација, претставен проектот ПАМЕТИ

ЗЕОООП во партнерство со Балканска водна мрежа го претставија новиот Проект ПАМЕТИ – Преку Архус и Мастрихт до еколошка транспарентна информација, кој има за цел да ги подигне капацитетите на општинските работници, претставниците на граѓанските организации и Заедниците на станари за Архуската Конвенција.

Во рамките на Проектот ќе се реализираат обуки за Архуската Конвенција за правата од областа на животната средина која е ратификувана од македонското Собрание, формиран е Архус центар во Скопје и истата е целосно транспорирана во Законот за животна средина“, посочи Александра Петровска од ЗЕООП.

Според Наташа Доковска токму сега е од големо значење спроведување на ваков вид на проект за зголемување на едукацијата на засегнатите страни, особено за процесот на носење на одлуки и правото на информираност,  а како пример го наведе решението на Управниот суд за укинување на концесијата за експлоатација на руда во Иловица за што не постоеше доволна информираност на јавноста.

Проектот ќе се спроведува во три општини: Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари.

Коментари

коментари