Кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ хоспитализиран, позитивни се и мајката и таткото на Мицкоски

На денешниот ТВ дуел на 24 вести, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Зоран Заев му порача дека четири години не направил ништо за реформи во судството.

-Имаме една разлика, а тоа е што вие влеговте во овој процес на реформи во судството со обвинение, обвинението за „Поткуп“, а јас влегувам без никакви обвиненија. Не може човек што е обременет со судски случај, да биде добар реформатор. Јас ве разбирам. но, денеска сме 4 години потоа. Имавте 4 години да покажете дека правите барем нешто.

-Ете господинот Заев го повторува ова и го разбирам. Сака да зборува против мене, што е логично. Сето што го кажа е далекува од вистината. Не морало лицето кое соработува со нив да им носи снимки, можеле да ме викнат и ќе им кажев. Вие сте сега сте надобар пријател со вратарот, дури и тендери му делите. Ценам дека треба да зборуваме повеќе за понудата, вели Мицкоски.

Таткото на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е позитивен на ковид-19 и е хоспитализиран.

Претходно, Мицкоски потврди дека неговата мајка е позитивна на Ковид-19. Тој рече дека поради тоа што секојдневно има голем број контакти, не се гледал со родителите, за да не ги доведе во евентуална опасност. Сите други со кои неговите родители биле во контакт, се во изолација.

Од болницата каде што се примени на лекување родителите на Мицкоски не ја потврдуваат информацијата, повикувајќи се на Законот за заштита на лични податоци, но портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во изјава за Плусинфо потврди дека и двајцата родители на Мицкоски се позитивни на ковид-19.

– За жал, можам да потврдам дека мајка му и татко му на Христијан Мицкоски се позитивни на ковид-19. Двајцата се хоспитализирани, а во однос на Христијан, тој не бил во контакт со своите родители. Како и да е, тој редовно се проверува и од секое тестирање добива негативни резултати. Тој апсолутно внимава и ги почитува препораките – изјави Стоилковски.

На дуелот Зоран Заев го обвини Христијан Мицкоски дека е дел од случајот „Рекет“.

-Законот за јавно обвинителство се блокираше томку поради случајот „Империја“. Сега добро гледаме дека станува збор за поткуп, добро организиран и осмислен, поддржан и од господинот Мицкоски да се спороведе преку Орце Камце, Кичеец, Бојан Јовановски и Катица Јанева. Се работело за финансирање на кампањата, за пари. Можеби е и за лични пари. Станува збор за поткуп, не за рекет. Јас ќе го разберев блокирањето на законот доколку сакаа да ги спасат луѓето кои беа изманипулирани за 27 април. Но за пари, заради партија, тоа не можам да го разберам, рече Заев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во последниот парламентарен состав и кандидат за пратеник од оваа партија во петтата изборна единица, Антонијо Милошоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, дознава „360 степени“.

Според нашите информации, тој е примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов е стабилна.

Пред 4 дена мајката на Милошоски, која е медицинска сестра, објави дека е позитивна на ковид-19, а тој посочи дека поради контакт со неа му е одредена изолација до 6 јули до кога треба да направи два теста.

Нема информација дали и кога Милошоски се тестирал за новиот коронавирус.

Коментари

коментари