Десетина припадници на МВР во ГОБ 8 Септември: Постои сомневање дека имало вооружено лице во болницата

Дваесетина припадници на МВР штотуку го започнаа увидот во ГОБ „8 Септември“, каде попладнево група на мажи, за кои постојат сомневања дека еден бил вооруени влегле во Ургентниот центар и упатиле серија закани кон докторка, која била на дежурство, пишува Слободен Печат.

Неофицијално лицата сакале да земат тело на починат за кои според лекарските протоколи било предвидено да се изврши обдукција, тврди овој медиум. Од МВР велат дека лицата се приведени за распит во полицика станица.

Пред болницата во моментов екипи на МВР, вршат увид, додека радознали граѓани се собрани пред болницата која е ковид центар за Македонија. Повеќе содржини: Милошоски се огласи од Инфективната клиника

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и кандидат за пратеник потврди дека околу 16 часот денеска бил хоспитализиран на Инфективната клиника поради повеќедневна покачена температура.

Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден, напиша Милошоски на Фејсбук.

Почитувани пријатели, денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така.

Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден. Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката.

Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување. Се гледаме наскоро, се надевам во добро здравје и со добри вести. Ваш, Антонио Милошоски, напиша тој.

Коментари

коментари