Денес излегува список на држави што ќе можат да патуваат во европските земји – каде сме ние?

Денес, 30-ти јуни треба да излезе списокот на земји за кои од први јули ќе престанат да важат ограничувањата за патувања во земјите од Шенген зоната, а до овој момент има изготвен „нацрт список“ од 15 држави, што најверојатно и ќе биде потврден.

Од 27-те земји членки, барем една од нив треба да гласа „против“, доколку сака таа листа од 15 земји да се промени, односно да се додаде нова или да се исфрли некоја друга држава.

Европската комисијата предложи Западен Балкан да биде меѓу првите на списокот, наведувајќи ги блиските односи на ЕУ и поради политиката за интеграција на регионот.

Во 15-те земји има место за Црна Гора и Србија, но не и за Албанија, БиХ, Косово и секако Македонија. Причината е тоа што во моментот земјите кои се одбиени имаат повеќе од 25 заразени на 100.000 жители, додека просекот на ЕУ во овој момент е 13 позитивни случаи на 100.000 жители.

Покрај Србија и Црна Гора, на списокот има место и за Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Доколку оваа одлука помине, тоа ќе значи дека во следните две недели истата нема да трпи промени, затоа што ЕУ најави дека списокот ќе се ажурира на секои две недели, во зависност од новонастанатите ситуации во државите.

Коментари

коментари